Научниците го направија првиот метал што одбива вода

Постојат многу хидрофобни облоги, но научниците успеаа да изгравираат наноструктури во површината на металот, со што за прв пат направија метал од кој водата буквално отскокнува.

Погледнете како изгледа тоа:

Користејќи ласери, научниците за прв пат креирале метал што одбива вода. За да биде хидрофобен, потребно е металот да има некаков вид на облога. Со помош на нова техника на ласерско гравирање металот добива нови својства. На површината на металот се креира комплексна наноструктура. Како резултат на ова се добива метал што е толку хидрофобен што водата буквално отскокнува од неговата површина.

Вакви метали наоѓаат примена како заштита од ‘рѓосување, против голомразица и за санитарни уреди. Можат, исто така да се користат и во развиените земји за собирање на дождовница.

Поддржете ја нашата работа: