Науката вели дека кучињата се попаметни од мачките

Веќе подолго време трае дискусијата за тоа кој е попаметен – кучињата или мачките? Љубителите на кучиња сметаат дека кучињата се попаметни поради можноста да се тренираат, додека лицата кои чуваат мачки сметаат дека независноста, високите стандарди и другите карактерни особини ги прават мачките далеку посупериорни суштества. Впрочем, мачките некогаш биле обожавани како богови.

Меѓутоа, се чини дека науката донесе нови докази. Кучињата имаат многу повеќе неврони во кората на големиот мозок (церебралниот кортекс) од мачките. Овие посебни клетки се поврзани со различни знаци на интелигенција, како што се размислувањето, планирањето и комплексното однесување.

Оваа студија, која е објавена во списанието Frontiers in Neuroanatomy, не е фокусирана само на домашни миленици. Меѓународниот тим на научници го проучувал мозокот на разни видови месојадни животни. Резултатите покажале дека само поситните видови, вклучувајќи ги и кучињата имаат поголема густина на кортикалните неврони. Хиените на пример имаат помала густина од кучињата, а кафеавите мечки имаат иста густина како и мачките.

Во меѓувреме ракунот, и покрај малиот мозок, има неврони колку куче, што го прави споредливи со приматите во невронската густина, и затоа се доста паметни. Не е чудно што можат да решат загатки и познати се по тоа што се лукави крадци.

Покрај тоа, припитомувањето немало никакво влијание врз составот на невроните во мозокот на месојадните животни тестирани во студијата.

“Верувам дека апсолутниот број на животински неврони, особено во церебралниот кортекс, го одредуваат богатството на нивната внатрешна ментална состојба и нивната предиктивна способност во нивната средина врз основа на минатото искуство”, вели авторот на студијата Сузана Херкулано-Хозел од Универзитетот Вандербилт во соопштението.

Тимот откри дека кучињата имаат околу 530 милиони кортикални неврони во мозокот, додека мачките имаат само 250 милиони. За споредба, луѓето имаат 16 милијарди.

Помалиот број на кортикални неврони кај крупните месојадни животни, најверојатно е последица на енергијата која ја бара мозокот. Што се однесува до енергијата, мозокот е најкрупен орган.

“Исхраната на база на месо најчесто се смета за решение за енергетските проблеми, но во ретроспектива, јасно е дека месната индустрија мора да наметне чувствителна рамнотежа помеѓу количината на мозокот и телото што видот може да си ги дозволи”, вели Херкулано-Хозел во соопштението.

Значи, кучињата се попаметни од мачките, но густината на невроните во церебралниот мозок не е крајна и единствена мерка за интелигенција. “Постојат многу начини кои природата ги осмислила за да го обликува нашиот мозок – а ние се обидуваме да дознаеме каква разлика прават тие”, објаснува Херкулано-Херсел.

Поддржете ја нашата работа: