Не јадете храна на која застанала мува бидејќи мувите ги носат најопасните бактерии

Во новата студија, спроведена од страна на научниците од Penn State Eberly College of Sciencе од САД, тие дошле до сознание дека мувите пренесуваат многу повеќе бактерии отколку што се мислеше порано. Значи, не е доволно да ја избркате мувата која слетала на вашата храна, туку истата храна, според мислењето на научниците не би требало да ја изедете.

Научниците велат дека дури и една обична домашна мува може да пренесе салмонела, ешерихија коли, па дури и бактерии кои можат да предизвикаат чир на желудник и сепса.

Бидејќи е докажано дека мувите кои живеат во градот пренесуваат повеќе бактерии од оние кои живеат во руралните средини, експертите препорачуваат избегнување на пикник настани во градските паркови.

Cover food to avoid flies and head to the countryside 
“Луѓето веќе знаат дека мувите пренесуваат одредени патогени бактерии со себе, но не знаат до кој степен. Ние веруваме дека ова истражување ќе го открие механизмот на пренесување на патогени бактерии кои може да бидат занемарени од страна на здравствените работници. Треба размислите двапати за тоа дали да јадете компир салата која долго време стоела надвор, или можеби подобро е да се оди на пикник во шумата, далеку од урбаната средина”
, вели Д-р Доналд Брајант, професор по биотехнологија на истоимениот универзитет.

Во истражувањето се користени методи за секвенционирање на ДНК со цел да се проучат микроорганизмите во внатрешноста и по површината на телото на една домашна мува (Musca Domestica) и мувата Chrysomya Megacephala. Домашната мува, на себе има 351 вид на бактерии, додека Chrysomya Megacephala, која може да се најде на топли и влажни места, со себе носи 316 видови.

Најголемиот дел од бактериите се наоѓаат на нивните нозе, што значи дека е доволно мувата кратко да слета на храната за бактериите да останат на неа.

Поддржете ја нашата работа: