Недостатокот од витамин Д кај мажите предизвикува мигрена

Едно истражување на финските научници покажало дека недостатокот од витамин Д во машкиот организам, може да ја зголеми опасноста од развој на хронична главоболка и мигрена.

Општо познато е дека витаминот Д е важен за изградба на коските и дека има многу позитивни ефекти врз здравјето. Многу истражувања покажале дека нашиот стероиден хормон не штити од болести на модерната цивилизација, како што се рак, срцев удар, дијабетес, депресија, деменција, мултиплекс склероза и други.

На еден фински Универзитет е спроведено истражување за фактор ризиците за развој на конорарните болести.

Разгледувајќи ја состојбата на 2600 мажи од 42 до 60 годишна возраст, се покажало дека 68 посто од испитаниците имале помалку од 50 nmol/L витамин Д во крвта. Нормална референтна вредност кај мажи и жени е од 50 до 200 nmol/L.

Познаваме неколку форми на витамин Д, а со лабораториски тестови се одредува основната состојба на витамин Д кај пациентите,(Д3 и Д2).

Научниците установиле дека кај мажите со најнизок степен од витамин Д во организмот, ризикот од главоболка и мигрена бил двојно повисок.

Установено е исто така дека испитаниците често страдале од хронични главоболки во текот на зимата, кога нивото на витаминот Д е на најниско ниво поради ретката изложеност на телото на сонце.

На луѓето кои страдаат од недостаток на витамин Д им се препорачува храна богата со овој витамин како ште се разните видови на мрсни риби, лосос, туна, скуша и сардина, потоа млеко, сок од портокал, јајца, црн дроб и друго.

Поддржете ја нашата работа: