Неколку чудни факти за близнаците

Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од страна на близнаците, па освен тоа што ќе ве натераат да ги погледнете уште еднаш, науката која стои позади нив е она што ги прави уште посебни. Во видеото подолу може да погледнете листа од 10-те најчудни факти за близнаците кои ќе ве остават без зборови.

Основната карактеристика на близнаците е делењето на ист роденден, но со доаѓањето на модерната медицина, тоа не мора да е така. Како што е објаснето во видеото, понекогаш едниот близнак може да се роди предвреме додека другиот останува во утробата за понатамошно созревање. Резултатот се „близнаци“ кои всушност може да се родени во различен месец.

Освен тоа, близнаците обично имаат исто потекло, но, како што е објаснето во истото видео, тоа секогаш не е точно. Како резултат на еден чуден феномен познат како „heteropaternal superfecundation“, ако кај жената се оплодат две различни јајца од двајца различни мажи во рамките на истата недела, таа може да роди близнаци со различен татко. Ова, исто така, може да се случи и при ин витро оплодување, најчесто поради измешување на спремата. Како резултат на тоа, браќата и сестрите родени во исто време од иста мајка, може дури всушност да бидат од различни етнички групи.

Помеѓу другите фасцинантни карактеристики на некои од најретките близнаци во светот е способноста за да си ги читаат мислите, измислување на јазик што само тие го разбираат, како и чудните способности на близнаците да се развиваат во слични личности со исто хоби, дури и ако се разделени на раѓање.

Погледнете го видеото за да откриете уште повеќе факти за близнаците.

https://www.youtube.com/watch?v=ZUofbktmK3M

Поддржете ја нашата работа: