Неверојатни фотографии кои го отсликуваат животот во најстудениот населен град на Земјата

6044
СПОДЕЛИ

Луѓето по природа се прилагодливи суштества. Најдобар доказ за тоа е малото село Ојмјакон (руски Оймяко́н, анг. Oymyakon), Република Јакутија, Русија, кое се смета за најладно населено место на светот.

Во зима просечната температура е -50°C, со рекорд од -71°C во 1924 година. Авантуристот и фотограф Амос Чапл го посетил селото, како и најблискиот град Јакутск (руски Якутск, анг. Yakutsk).

Чапл поминал пет недели во регионот, документирајќи го тешкиот живот на жителите кои оваа област ја сметаат за татковина. Патувањето започнало во Јакутск, главниот град на Републиката во североисточна Русија, која се смета за најстудена метропола на светот.

cold1Во градот со 300.000 жители на зима просечната температура изнесува -30 Целзиусови степени.

cold2
Сепак, Чапл вели дека локалните жители се прекрасни луѓе, пријателски настроени, модерни и величествено облечени.

cold3
Како локалните жители се справуваат со студенилото? „Пијат „русский чай“, руски чај, при што мислат на водка“, вели Чапл.

cold4Додека не развил пријателство со локалното население, Чапл престојувал во мало засолниште во Јакутск. Со задоволство ја прифатил поканата за престој кај нив. Во знак на благодарност се обидел да им зготви, но тоа било доста тешко поради температурите на Сибир.

cold5Чапл вели дека трговијата со дијаманти на населението им овозможува разновидна и здрава економија.

cold6
Зборувајќи за последиците од Студената војна, вели дека оваа област е најмалку погодена. Етничките Јакути се многу поотворени од Русите и не чувствуваат комплекс поради падот на империјата.

cold7Јакутск се наоѓа во близина на Ојмајкон, каде што Чапл решил да тргне во посета, решен да го документира најстуденото место на светот. Тој прво морал да стопира на половина пат каде што заглавил два дена.

yakutsk-is-the-gateway-to-oymyakon-widely-regarded-as-the-coldest-inhabited-town-on-the-planet-it-takes-two-days-to-get-there-traveling-down-a-barren-and-isolated-stretch-of-road-chapple-first-1024x60Бензинските пумпи се отворени 24 часа на ден, бидејќи автомобилите на такви ниски температури мора постојано да се работат. Работниците во овие станици во изолираните области работат две недели, а потоа две недели се слободни, вели Чапл.

cold9Тој останал два дена во едно малечко изолирано преноќиште, кое се наоѓа во ледената пустина по должината на патот. Се хранел со супа и чај додека чекал на следниот автомобил кој ќе го земе со цел да го заврши патувањето.

cold10“Расположението на луѓето со кои завршив стопирајќи варираше од добредојде до закана. Јадев смрзната коњска крв со тестенини заедно со нивното семејство, пред да ме одвезат до Ојмјакон”, наведува тој. Еден споменик од комунистичката ера означува температура од -71,2°C, забележан во 1924 година. На споменикот пишува: „Oјмјакон, Пол на студот“.

cold11Верувале или не, на домашен јазик Ојмјакон значи “незамрзната вода”. Тоа се однесува на термални извори кои ги посетувале луѓето кои одгледуваат ирваси.

cold12
“Се чувствував како да студенилото ми ги сече нозете, Плунката во устата ми се претвори во игла која ми ја бодеше устата. Целодневниот престој тука за мене е доста исцрпувачки”, вели тој.

cold13
Вели дека да се фотографира е доста тешко бидејќи кога издишувал се создавал густ дим кој пречи на фотографијата, затоа го запирал дишењето на моменти. Барањето на фокус било уште потешко, бидејќи студот веќе ја оштетил механиката на камерата.

cold14
Бањите и тоалетот се наоѓаат настрана од домот. Патот до тоалет претставува вистинска тортура.

cold15Погребите исто така претставуваат сложен процес поради замрзнатата површина. Кога некој ќе умре, жителите палат оган за да можат да ја копаат земјата.

cold16 „Во оваа област многу е тешко да запознаеш луѓе. Единствените кои ги сретнав надвор беа пијани луѓе и оние кои бараат неволја“, додава тој.

cold17Местото е премногу студено за одгледување зеленчук, па луѓето одгледуваат животни.

cold18Од храна најчесто конзумираат сурова риба, лосос и коњски црн дроб, или супа врз база на месо.

cold19
Чапл вели дека животот тука е ист како и во другите места на светот, со еден исклучок што луѓето постојано гледаат во термометарот. На -50°C сите се затвораат дома.

cold20
Верувале или не, во летнот период температурата се искачува до 35°C, па летото поминува брзо, додека зимата тука се чини дека трае вечно.

cold21

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ