Невидлива шумска колиба

Сте посакале ли на момент да бидете невидливи? Тоа би можело многу да ви помогне во одредени ситуации. И додека невидливоста е магија која ја гледаме во бајките, науката повторно изненади и создаде невидлива колиба.

Архитектите од фирмата „аstpmj“ oд Њујорк изработиле објект кој потполно се вклопува во околината. Тие обвиткале цел објект – колиба со рефлектирачки облоги и само рефлексиите на стеблата во аглите, ја навестуваат вистинската форма.


Судејќи според тоа како збунувачки изгледа ова за човековите очи, веројатно ќе очекувате и птиците да бидат збунети, исто така. Но, сепак, материјалот е специфично дизјниран за
 птиците да можат да го видат. Облогата ја рефлектира брановата должина видлива за птиците многу поинтензивно, така што тие можат да го видат и да го избегнат објектот.

Се работи за нови материјали кои ги прават објектите „невидливи“, преку обвиткување на светлината околу предметите во опсег кој не е видлив за човечкото око.

Поддржете ја нашата работа: