Нов материјал кој го имитира процесот на фотосинтеза за да создаде енергија

Истражувачите од Државниот Универзитет во Флорида откриле вештачки материјал кој го имитира процесот на фотосинтезата и кој потенцијално може да претставува чист одржлив извор на енергија.

Преку користење на манган оксид – уште познат и како бирнесит, истражувачите успеале да ја соберат сончевата светлина, а потоа таа енергија да ја искористат за разложување на водата (H2O) на водород (H) и кислород (O2). Овој процес, познат како оксидација, претставува истиот процес што се одвива при фотосинтезата, кога растението ја користи светлината за да ја разложи водата и јагленохидратите, кои се главен извор на енергија за растението.

За разлика од многу други извори на енергија, со ваквиот начин на користење на манган оксидот се создаваат извори на енергија – како водородното гориво, без да се продуцира јаглерод диоксид и без никакви штетни последици за животната средина.

Она што е извонредно кај овој материјал е и тоа што тој поефикасно ја собира сончевата светлина кога е поставен во еден слој. Ова го прави многу погоден за реална примена, бидејќи ќе биде евтино и лесно да се произведе.

„Теоретски, ова би требало да претставува самоодржлив извор на енергија. Во иднина, овој материјал би можело да се постави на покривите и со помош на сонцето да ја претвори дождовницата во енергија“- вели Хозе Л. Мендоза-Кортез, асистент професор по хемиски инжинеринг.

Иако, сѐ уште е рано да се каже кога може да се очекува производство на овој материјал за домашна употреба. Но, со предвидувањата на истражувачите дека материјалот ќе може потенцијално да се користи како генератор на енергија поставен на покривите на домовите, ова претставува исклучително возбудливо откритие.

Истражувањето е опишано во „The Journal of Physical Chemistry“.

Поддржете ја нашата работа: