Нов материјал кој создава електрична енергија со само еден допир

Научниците развија флексибилен материјал кој генерира електрична енергија при допир, што значи дека еден ден паметните телефони и таблетите би можеле да се напојуваат само со нивното користење.

Покрај уредите со екран осетлив на допир, научниците велат дека овој тенок флексибилен материјал би можел потенцијално да се користи и со нашата облека или чевли, при што ќе може да собираме енергија од нашите движења во текот на целиот ден.

Материјалот кој наликува на филм е познат како наногенератор, и произведува енергија при мали физички промени, како што е допир или лизгање со прстот. Ова е возможно поради интеракцијата помеѓу супстанците кои го сочинуваат филмот.

Овој материјал може да се користи за напојување на уреди кои ги користиме секојдневно, како што може да забележите во видеата прикажани подолу, и иако за овие уреди не е потребна многу енергија, ова е ветувачки почеток на целосно нов вид на пизоелектричен генератор, особено со оглед на неговата неверојатна способност да го зголемува производството на енергија кога ќе се свитка.

При тестирањата, од едно парче ваков материјал со големина колку една дланка, научниците успеале да генерираат околу 50 волти енергија, но во моментов немаат начин како да создадат стабилна енергија. Токму тоа е нивниот следен предизвик.

Може да помине подолго време додека започнеме да ја применуваме оваа технологија, но барем ќе имаме начин на кој ќе може да ја употребиме целата енергија што ја трошиме додека се движиме наоколу, додека одиме и додека ги користиме паметните телефони.

Поддржете ја нашата работа: