Нова мапа на Млечниот Пат

Тим на астрономи од Бразил ги користеле податоците од телескопот „WISE“ на НАСА за да ги лоцираат кластерите (јатата) во надворешниот дел од Млечниот Пат, бидејќи основните параметри како возраст и растојание може полесно и поточно да се одредат за ѕвездено јато отколку за една ѕвезда или маглина. Така, тие ја мапирале спиралната структура на нашата галаксија.

 

Но, прашањата за природата на спиралата, нејзината структура и динамика се’ уште остануваат отворени и научниците нагласуваат дека се потребни повеќе истражувања. Ова истражување е објавено во „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“.

Поддржете ја нашата работа: