Нова “најстара вода” на светот

Уште во 2013 година е откриена водата за која се сметаше дека е најстара на светот – исконска вода, но неодамнешното откритие покажува дека постои уште едно подлабоко и постаро наоѓалиште.

Водата од еден од рудниците во Онтарио, Канада го шокираше светот со својата старост од 1,5 милијарди години, а пронајдена е во длабочина од 2,4 километри под земјата. Посолена е од очекуваното поради реакцијата на благородни метали со кислород во неа.

Сега, тоа рекордно водно откритие е засенето со сегашното откритие, чија вода е стара најмалку 2 милијарди години. Станува збор за истото место, само на нешто поголема длабочина. Овој пат геолозите го пронајдоа она што го бараа на длабочина од 3 км под земјата. Очекуваат дека ова е само почеток на неверојатни пронајдоци.

Барбара Шервуд Лолар, една од научниците од Универзитетот во Торонто, која учествувала во истражувањето, тврди дека луѓето кога ќе слушнат такви вести обично мислат на мала количина на вода заробена во карпите, но тоа воопшто не е така.

Станува збор за неочекувана количина на вода чиј тек се мери во литри по минута. Обично течението на подземните води е споро, но кај вакви ситуации, со ископување и истражување на рудникот тоа веќе не е случај.

Анализата на сулфат во водата која е претходно пронајдена укажа на тоа дека во неа има потенцијал за долгорочен опстанок на микроорганизмите во таков изолиран и самоодржлив екосистем.

Ова откритие не само што значи дека нашата планета лежи на неоткриени области во кои има животот, но и дека постојат исти можности на другите планети. Марс е покриен со антички карпи кои докажано е дека имаат сличен состав на оние во Онтарио.

Сето ова го докажува фактот дека треба да се истражува нивниот состав, далечен со километри под површината. До тогаш, геолозите се воодушевени од овие резултати и се надеваат на уште значајни наоди.

Поддржете ја нашата работа: