Нова социјална мрежа за деца од 5 до 13 години

Конкуренција на Фејсбук?

Сопственикот на една од најпопуларните франшизи наменета за игри и забава за деца, данската компанија Лего, лансираше социјална мрежа за деца на возраст помеѓу 5 и 13 години. Мрежата која се нарекува  „Lego life“, донекаде наликува на Instagram и секако се „врти“ околу Лего коцките и креациите што од нив може да се направат.

На оваа мрежа децата, како аватар на својот профил, ќе можат да изработуваат фигури во Лего стил, да ги следат другите корисници, да лајкуваат, да коментираат и да споделуваат слики со останатите корисници. Покрај ова, мрежата ќе организира и разни предизвици со кои децата ќе се поттикнуваат активно да се занимаваат со свите Лего сетови, а ќе се организираат и разни квизови и други забавни игри.

Социјалната мрежа „Lego life“ ќе се користи преку официјалните „iOS“ и „Andorid“ апликации, но за сега е достапна само во мал број на земји. Користењето, се разбира е бесплатно, а создадено е како сигурна средина за децата, па родителите можат без страв да им дадат сами да се снаоѓаат во виртуелниот Лего свет.

Lego sajt

Поддржете ја нашата работа: