Новата студија на НАСА вели дека Месечината некогаш имала атмосфера

СПОДЕЛИ

Новото истражување покажува дека Месечината некогаш имала атмосфера, а за тоа била заслужна вулканска активност која уништила стар сателит, придвижувајќи ги гасовите над нејзината површина.

Месечината денес има атмосфера која едвај може да се нарече така, и изгледа како обична сива топка, но пред 3 – 4 билиони години, вулканските ерупции исфрлале голема количина на лава и гасови на нејзината површина. Тие гасови се акумулирале со брзина која за нив е преголема за да стигнат во вселената, па формирале атмосфера околу штотуку формираниот сателит – се вели во новата студија на НАСА.

Површината на Месечината е богата со огромни дупки полни со базалт, наречени „мариа“, кои се формирале кога делови од магмата од внатрешноста на Месечината еруптирале на површината, креирајќи текови на лава која содржи јаглероден моноксид, сулфур, па дури и водени блокови.

Ова откритие би можело драматично да го смени нашето сфаќање за Месечината, која очигледно не сегогаш била толку раскошна како денес. Научниците сега одлучиле повторно да анализираат нејзини примероци со цел да се пресмета колку точно гасови се исфрлени при ерупциите.

Откриле дека вулканската активност започнала пред околу 3.5 билиони години, кога атмосферата била најтенка. Откако се формирала, се одржувала околу 70 милиони години пред да биде отстранета и изгубена во вселената. За време на периодот кога Месечината имала атмосфера, била речиси 3 пати поблиску до Земјата и изгледала многу поголема отколку денес.

Во идните мисии научниците би можеле на поларните делови од Месечината да откријат траги од атмосфера од далечното минато. Тие гасови, заробени во мразот би можеле сигурно да обезбедат гас и гориво за астронаутите, а можеби и за другите поинакви мисии.

Денес атмосферата околу Месечината е толку тенка што се нарекува егзосфера и технички не е вистинска атмосфера. Во неа се наоѓаат молекули кои гравитациски се поврзани со Месечината, но се премногу ретки и се однесуваат како гасови.

 

 

Дискусија

Коментари