Нови мистериозни кратери, закана за Сибир

35
СПОДЕЛИ

Сега, со помош на сателитски снимки, лоцирани се дополнителни четири кратери, а се верува дека може да има десетици повеќе во овој регион. Се повикува на итна истрага за да се заштитат жителите кои живеат во таа област.

„Сигурен сум дека постојат повеќе кратери на Јамал, ние само треба да ги најдеме. Претпоставувам дека таму би можело да има 20-30 кратери”, вели д-р Василиј Богојавленски, дописен член на Руската академија на науките и заменик директор на Истражувачкиот институт  за нафта и гас во Москва. „Важно е да не се плашат луѓето, но и да се разбере дека се работи за сериозен проблем кој мора да биде одгатнат“.

Истражувачите навлегоа длабоко во една од дупките во ноември минатата година и бараа податоци, во обид да дознаат зошто се формираат дупките. Водечката теорија е дека дупките биле создадени од експлозиите на гас предизвикани од подземна топлина или со зголемување на температурите на воздухот поврзани со климатските промени.

Не може да предвиди кога или каде ќе се случи експлозија на гас, бидејќи е опасно. Но, во план е да се испрати нова експедиција и да се постават  станици во областа за откривање на земјотреси, кои би можеле да известуваат кога ќе се отвори нов кратер.

Во моментов се најважни две основни прашања: Кои области и под кои услови се најопасни. Овие прашања се важни за безбедно функционирање на северните градови и инфраструктурата на комплексите за нафта и гас.

Експерти во САД го повторија истиот став. Научниците дефинитивно треба да спроведат повеќе истражувања за овие појави, да се утврдат процесите кои го предизвикуваат нивното формирање, нивниот развој со текот на времето и да се предвиди појавата на нови дупки.

Видео од првата откриена дупка, јули, 2014

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ