Нови сознанија за потеклото на диносаурусите (+Видео )

Според  новата  студија  на  научниците од  Универзитетот Кембриџ, се чини дека тираносаурус рекс и неговите најблиски сродници ќе бидат сместени на потполно ново место во „семејното стебло“ на диносаурусите.

Во 1880 година британскиот палеонтолог  Х.Г.Сили  (H. G. Seeley), врз основа на  формата и градбата на  карличните коски и колкот ги класифицирал диносарусите во две групи: диносауруси со „колкови налик на птица“(како што се тревојадите „Stegosaurus“ и „Triceratops“) и диносауруси со „колкови налик на рептилски“ ( кој ги вклучуваат месојадите како Tyrannosaurus rex  и  тревојадите со долг врат како „Apatosaurus“).

Во новата студија, истражувачите од Кембриџ,  извршиле анализа  на 457 карактеристики од  74 видови и откриле  други 21 различни  анатомски карактеристики,  кои диносаурусите ги делат  на различен начин.

Врз основа на овие наследни особини, сега  „T. rex“ и другите тераподи претставуваат нова гранка во  првата групата, во каја се наоѓаат стегосаурусите.

Резултатите од истражувањето сугерираат исто така и дека првите диносауруси се појавиле 15 милиони години порано и тоа во  северната хемисфера,  а не во источна Африка , како што се сметаше досега, бидејќи  фосили  од најстарите членови на новата гранка се откриени таму.

Студијата  е објавена во списанието „Nature“ .

Поддржете ја нашата работа: