Новиот транспортен „hyperloop“ систем под вода

Еден месец по првото успешно тестирање на новата „hyperloop“ технологија, Броган БамБроган, коосновач на компанијата „ Hyperloop One“, вели дека тие веќе ја имаат способноста за да го изградат овој транспортен систем под вода, но чекаат да се намали цената за производство.

„Hyperloop“ е концепт предложен од извршниот директор на „SpaceX“ Илон Маск, кој би требало да може да достигне брзини до 1.220 километри на час.

Прочитајте повеќе на Енаука.мк – „Hyperloop“ – иднината на брзиот транспорт

БамБроган вели дека во овој момент, трошоците за производство се премногу високи, но како што се развива технологијата, овие цени наскоро ќе се намалат.

„Сметаме дека можеме да пласираме работи за кои луѓето се’ уште не се ни свесни дека ги сакаат. Затоа мислиме дека ќе видиме нов петти начин на превоз, на земјата и под водата“, објаснува тој.

https://www.youtube.com/watch?v=6x_IB45ySAQ

Поддржете ја нашата работа: