Ново откритие – Јупитер е најстарата планета во Сончевиот систем

Јупитер е најстарата планате во нашиот Сончев систем, покажале наодите од истражувањето спроведено од меѓународен тим на научници.

Преку анализа на изотопскиот состав на 19 метеорити, научиците од Универзитетот во Минстер и Националната лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија, откриле дека метеоритите се составени од два генетички различни небуларни резервоари кои коегзистирале и покарај тоа што останале раздвоени во период помеѓу еден до три или четири милиони години после формирањето на Сончевиот систем.

„Најприфатливо објаснување на ваквиот ефикасен механизам на сепарација лежи во формирањето на Јупитер, отворање на расцеп во дискот (површина формирана од гас и прашина од ѕвездите) и спречувањето на размена на материјал помеѓу двата резервоара“– вели Томас Крујер, водечкиот автор на извештајот од истражувањето што е објавено во „Proceedings of the National Academy of Sciences”.

„Јупитер е најстарата планета во нашиот Сончев систем и неговото цврсто јадро се формирало многу порано пред да исчезне гасот од соларната небула, согласно моделот на зголемување на јадрото по кој се формирани планетите“– додава Крујер.

Јупитер е најмасивната планета во Сончевиот систем и познавањето на неговото формирање е од клучна важност да се разбере како овој систем еволуирал до она што е денес. Иако десегашните модели предвидуваа дека Јупитер се формирал реалтивно рано, времето на неговото формирање досега не е прецизно одредено.

„Немаме никакви примероци од Јупитер, за разлика од примероците од Земјата, Марс, месечината и астероидите. За одредување на староста на Јупитер, во студијата користиме изотопските потписи од метеоритите (кои потекнуваат од астероиди)“– истакнува Крујер.

Преку анализа на изотопите, научниците дошле до заклучок дека цврстото јадро на Јупитер се формирало пред околу еден милион години, после почетокот на формирањето на Сончевиот систем, што ја прави негова најстара планета. Во тој процес на забрзана формација, Јупитер делувал како ефикасна бариера проти внетрешното пренесување на материјал преку дискот, што претставува потенцијано објаснување зошто во Сончевиот систем не постои никаква супер-Земја (екстрасоларна планета со маса поголема од Земјата).

Научниците заклучиле дека јадрото на Јупитер се пораснало до величина од 20 земјини маси за околу еден милион години, што подоцна било проследено со продолжен раст до големина од 50 земјини маси, во следните три до четири милиони години по формирањето на Сончевиот систем.

Поддржете ја нашата работа: