Обемот на половината – индикатор за зголемен ризик од појава на рак

Зголемениот обем на половината е предупредувачки знак и за мажите и за жените дека се наоѓаат во поголем ризик од појава на одредени форми на рак, предупредуваат научниците.

Научниците од Меѓународната агенција за истражување на ракот – огранок на Светската здравствена организација, покажале дека обемот на половината е подеднакво добар показател за зголемен ризик од појава на одредени видови на рак како и интексот на телесната маса (ИТМ), што претставува сооднос помеѓу тежината и висината.

Според лидерот на истражувањето, Д-р.Хајнц Фреислинг,  зголемен ризик за појава на некои видови рак, како и дијабет, тип 2 имат луѓето чиј обем на половината изнесува повеќе од 102 см за мажи и повеќе од 88 см. за жени.

Негов совет е дека луѓето треба да го знаат својот ИТМ, но и да го мерат обемот на половината.

Дебелината, после пушењето е еден од главните поединечни  причини за појава на рак кои може да се превенираат, а е поврзана со 13 видови на рак, меѓу кои ракот на дебелото црево, на градите и на панкреасот.

Во текот на истражувањето научниците направиле мерење на ИТМ, обемот на половината, како и односот помеѓу обемот на половината и колковите, со цел да одредат дали на овој начин може да се предвиди ризикот од појава на  видовите на рак кои се поврзани со дебелината.

Резултатите покажале дека додавањето 11 сантиметри околу половината го зголемуваат ризикот од  рак (поврзан со дебелината) за 13 проценти. Зголемувањето на обемот на колковите за осум сантиметри се поврзува со зголемен ризик  од рак на дебелото црево за 15 проценти.

За потребите на истражувањето биле споредени податоците од 43.000 лица кои биле следени во просек 12 години и на повеќе од 1.600 лица им бил дијагностициран некој вид на рак поврзан со дебелината.

Проблемот со ИТМ- што е стандардна мерка за дебелина е тоа што висок сооднос може да е последица на густината на мускулите кај спортистите, но и од вишокот на масно ткиво кај некој што е дебел. Обемот на струкот може да го одрази висцералното масно ткиво што ги обвиткува внатрешните органи, за кое е познато дека е ризик фактор за појава на рак.

„Нашите наоди покажуваат дека ИТМ и тоа на кои делови од телото се наоѓа масното ткиво може да биде добар индикатор за ризикот од појава на рак поврзан со дебелината.Особено масното ткиво што се наоѓа околу половината, може да биде многу важно за одредени видови на рак. Нашето истражување допринесува подобро да се разбере како обликот на телото може да го зголеми ризикот од појава на рак“ – вели Фреислинг.

Поддржете ја нашата работа: