Oблакодерите на иднината

До неодамна, можноста за користење на дрво за иградба на кулите беше многу ограничен. Дрвената платформа- систем кој се користи, на пример, за изградба на повеќе од 70% од домовите  во Шкотска, според пресметките на Грин е ефикасен до седум ката во висина. 

Тоа се смени кога во 2009 година во Лондон никна девет-катната зграда која содржи 29 станови, изградени речиси целосно од цврсти крос –ламинатни дрвени панели. Тие обезбедуваат сила, стабилност и, уште поважно, на пригоден начин значително го намалуваат атмосферскиот јаглероден диоксид.

Оваа способност да се користи обновлив материјал за да се обезбеди позитивен одговор на клучното прашање на животната средина со кои се соочува градежната индустрија, имено глобалното затоплување, е ништо помалку од трансформација. Употребата на бетон е веќе одговорна за 5% од глобалните емисии на стакленички гасови.

Идејата за користење на дрва за највисоките згради се’ уште е во почетната фаза на развојна индустрија, и покрај тоа што многу инженери го препознаа потенцијалот. Најпрво се појави 10-катницата во Мелбурн, а пред неколку недели е завршена  14-катницата во Берген. До 2023 година треба да се заврши 34-катница во Стокхлом.

Слични најави постојат и во други, можеби поконзервативни, градови како Виена, каде неодамна беа најавени 24-катен комплекс на станови, хотели, ресторани и канцелариски простор, чија градба ќе биде 76% дрво. Една неодамнешна студија од страна на СОМ архитекти и инженери зборува за користење на дрво/бетон хибридна форма на изградба во Чикаго.

Поглед кон иднината

Од каде потекнува поривот за изградба на висококатници од дрво? Едноставно, демографијата укажува на глобалниот предизвик и неопходноста за различни стратегии во создавењето на кули и градови на иднината. Сегашните проекции покажуваат дека 80% од населението во светот од осум милијарди ќе живеат во урбани средини до 2050 година. Проблемот е изразен во Кина.

Заедно со меѓународната загриженост за забрзување на климатските промени и деструктивната природа на процесот на екстракција вклучени во конвертирање на суровини и материјали кои се потребни од страна на конвенционалните градежни технологии, промената на парадигмите за изградба се повеќе од потребни. Индустријата е во потрага на многу повеќе опширна примена на обновливи материјали, а во моментов дрвото е единствениот вистински кандидат.

Поддржете ја нашата работа: