Од два материјали создаден еден супер ефикасен

Тимот на истражувачи најде начин да ги вгради луминисцентните наночестички наречени колоидни квантни точки во материјалот перовскајт, кој им овозможува на електроните да се движат брзо низ него, со минимална загуба или заробување.

„Идејата да се искомбинираат овие два оптоелектронски материјали е прилично нова“, велат истражувачите. „Сакавме да ги искористиме придобивките од двата материјали преку нивното комбинирање“.

Обично кога се комбинираат два различни материјали, тие формираат оделни фази без целосно да се спојат. Истражувачите во овој случај морале да дизајнираат нова стратегија за двете компоненти да се измешаат и да формираат една целост.

Резултатот од тоа е црн кристал кој се потпира на основата од перовскајт за да ги канализира електроните во квантните точки, кои ефикасно ја конвертираат енергијата во светлина.

 

Овој нов хетероген материјал претставува основа за нова фамилија на високо енергетски инфрацрвени LED диоди кои може да се искористат за подобрување на технологијата за ноќно гледање, телекомуникациите со голема брза и биомедицинското скенирање.

Истражувањето е објавено во „Nature“.

Поддржете ја нашата работа: