Официјално: САД се враќа на Месечината

Комерцијалната вселенска компанија „Moon Express“ штотуку стана првата приватна организација којашто доби одобрување од федералната влада на САД да слета вселенско летало на Месечината, што би можело да се случи следната година.

Компанијата е основана од милијардерот претприемач Навин Џаин, компјутерскиот научник Барни Пел и футуристот Боб Ричардс и ќе претставува четвртата организација која ќе слета летало на Месечината, по вселенските агенции на САД, Кина и СССР, но првата приватна компанија која ќе слета на Месечината.

Всушност, уште во ноември 2015 година, компанијата доби дозвола да ископува и да задржи се што ќе најде на Месечината, но дури сега доби одобрување за да отпатува до таму.

Одобрувањето се заснова на фактот дека САД гарантира дека идните мисии нема да го прекршат Меѓународниот договор за вселената, што значи дека компанијата треба да биде целосно отворена за своите движења до и на Месечината, да не се меша со други вселенски истражувања, летала или постоечки артефакти и што е најважно, да не го контаминира другиот свет. За ралика од Марс каде што се’ уште постои потенцијал за живот, Месечината е целосно пуста, така што ова не предизвикува голема загриженост.

Па ни останува да чекаме и да се надеваме дека „Moon Express“ ќе успее да слета на Месечината на предвидениот датум, како и дека владата на САД ќе биде подготвена кога и други компании ќе поднесат слични барања за патување во вселената. Се чини дека започна една нова ера на вселенски истражувања. Уживајте!

Поддржете ја нашата работа: