Огромно езеро се крие на Aнтарктикот

Според податоците презентирани на состанокот на Европската Унија за геонаука кој се одржа минатата недела во Виена, Антарктикот може да крие големо езеро под својот мраз – второ по големина во однос на езерото Восток.

Ваквите подглечерски езера се од голем интерес, поради можноста за уникатни форми на живот кои постоеле во изолација, заробени под мразот милиони години.

Иако не ја надминува големината од 240км на 60м на езерото Восток, ова ново езеро е многу поблиску до истражувачка станица, со што е многу полесно да се пријде и да се истражи во детали – изјавува Мартин Зигерт од Кралскиот колеџ во Лондон, еден од членовите на тимот кој го лоцирал езерото.

Тврдењата на тимот потекнуваат од сателитски снимки, на кои се идентификувани бразди на површината на мразот слични на оние кои се присутни кај подглечерските езера и канали.

datawithoutfeaturesСпоред Зигерт, езерото е 100км долго и 10км широко и има форма на панделка.

Долгите канали и кањони кои се чини дека се прошируваат од езерото, се шират повеќе од 1000км кон источниот брег на Антарктикот, на земјата на принцезата Елизабета, помеѓу Вестфорд Хилс и Западниот леден гребен.

Два канали особено се чини дека свртуваат нагоре во мразот и може да ја пренесуваат водата од Западниот леден гребен во океанот.

Ова е последниот неистражен дел од Антарктикот, така што ова се многу возбудливи вести, но се се’ уште прелиминарни, во очекување на целосна потврда – вели Брин Хабард од универзитетот Абериствит во Велика Британија.

„Имаме состанок во мај за да ги прегледаме податоците, собрани од тим на соработници од Кина и САД со помош на радар кој продира во мразот. Тоа ќе биде многу добар тест за нашата хипотеза за езерото и каналите “ – изјавува Зигерт.

Доколку се потврди  постоењето на езерото и каналите, тоа ќе биде голем поттик за науката за истражување на Антарктикот и подглечерските езера.

Поддржете ја нашата работа: