Неколку чести мутации!

Иако повеќето луѓе, кога ќе го слушнат зборот “мутација”, прво нешто кое им доаѓа на памет е некоја тешка болест како што е ракот, постојат бројни регуларни појави кои всушност не се болести, не се штетни, а сепак се мутации.

Еве неколку чести мутации кои најверојатно вие и самите ги имате, или барем познавате некој со истите:

Сини очи

Иако околу 8% од луѓето во светот имаат сини очи, мутацијата која резултирала со промена на бојата е од понов карактер во историјата на човештвото. Во времето, кога секој човек имал кафеави очи, научниците успеале точно да одредат која мутација резултира со ваквата промена.

Додека промените во генот OCA2 доведуваат до промена на количеството пигменти во ирисот на очите, што резултира разни нијанси на кафеава боја, всушност е мутација на блискиот ген HERC2, кој целосно го исклучува генот ОСА2 и не доаѓа до создавање на кафеав пигмент, а резултат на тоа се сините очи.

Она што е поинтересно е дека научниците успеале да откријат отприлика кога се случила првата ваква мутација. Првиот човек со сини очи најверојатно живеел во Европа, бидејќи е откриен 7.000 години стар скелет во Шпанија, кој го претставува најстарото лице со сини очи кое некогаш живеело на Земјата.

Лактозна толеранција

Исто така и ова е еден од примерите за човечката еволуција кој сеуште се случува. Додека повеќето луѓе на запад, пиењето млеко го земаат “здраво за готово”, ние всушност сме единствени кои ја поседуваат таа способност.

Како и повеќето цицачи, повеќето луѓе ширум светот би престанале да пијат млеко кога ќе пораснат, бидејќи ќе изгубат способност за варење на млекото.

Пред околу 10.000 години, кога човекот започнал да ги припитомува животните, како на пример кравите, мутацијата во генот МСМ6 значела дека некои луѓе за цел живот продолжиле да произведуваат лактозни ензими, поради што и натаму можеле без проблем да пијат млеко. Сепак Европјаните не биле единствени. Друга сточарска заедница, како на пример во Индија, одвоено ја развиле способноста за варење на млекото во нивниот организам.

Црвена коса

Покрај сините очи и толеранцијата на лактоза, ова е една од најпознатите генетски мутации кои луѓето ги имаат. Ваква боја на коса имаат 4-5% од луѓето во целиот свет.

Оваа боја на коса најчесто ја поседуваат луѓето од северна Европа, и додека некои тврдат дека е раширена како позитивна селекција од кратките денови и долгите ноќи на север, други велат дека огва е недостаток и негативна селекција, или она што им овозможило преживот на далечниот север. Најчесто се појавува кај луѓето од Шкотска и Велс, најверојатно затоа што до неодамна биле изолирани заедници.

Поддржете ја нашата работа: