И орангутанот полека исчезнува

Овие изразено високоинтелигентни примати се познати по црвеното крзно и по тоа што се најголеми цицачи кои поголемиот дел од времето го поминуваат на дрвјата иако нормално се движат и по земјата. Вештото движење по гранки им го овозможуваат силните раце.

Меѓутоа, нивната судбина е долго време неизвесна. Инаку, тие се жители на тропските дождовни шуми, а денес живеат само во Суматра и Борнео. Според податоците на Фондот за заштита на орангутанот од Борнео, популацијата на овој мајмун во Борнео се намалила за дури 50% во последните 30 години. Експертите веруваат дека во текот на следните 10 години орангутаните можат целосно да исчезнат од лицето на Земјата.

Затоа АПЕ Фондацијата за заштита на шумите и околината организирала хуманитарно лото. Оној кој ќе се вклучи во акцијата со една фунта неделно, може да освои награда во форма на облека. Собраните средства ќе бидат наменети за сочувување на орангутанот од Борнео, каде природното живеалиште им го уништува растечката индустрија за палмино масло.

Борнео, како трет најголем остров на светот – после Гренланд и Нова Гвинеја, некогаш беше дом на многу загрозени видови, но сега полека се претвора во центар за производство на палмино масло, па така освен уништувањето на природното живеалиште, индустрискиот отпад ја загадува водата, а поради сечењето на дрвјата полека исчезнуваат и тропските стебла.

Барт Ретера, основач на Фондацијата АПЕ, вели: “Живеам во Индонезија веќе четири години и работам на голем број непрофитни проекти. Сум видел убави нешта, но и сцени што ми го кршат срцето. Животот близок до таква природа добро ги отсликува последиците од алчноста и корупцијата”.

Ако не се сечат дрвја, тогаш се палат шуми со цел да се нарави простор за плантажи за да се задоволи растечката побарувачка за палмино масло. Ретера е само еден од многуте луѓе кои пробуваат нешто да направат за зачувување на околината, а преку фондот им дава едукација на децата при што ги учи за последиците кои ги оставаат позади себе пластиката и индустријата.

Поддржете ја нашата работа: