Орторексија – зависност од здрава храна која му штети на здравјето

СПОДЕЛИ

Анорексијата и булимијата се две денес добро познати нарушувања во исхраната, додека за орторексијата, не се знае ништо. Оваа патологија се однесува на оние кај кои грижата за здрава исхрана прераснува во опсесија. Важно е да се изедат пет овошја и зеленчук во денот, да не се претерува со месо, да се одбегнува палмино масло…

Овие и многу други, иако добри совети, можат да станат непријатели на нашето здравје ако потребата за внесување здрави намирници се претвори во болест, која сега има и свое име – орторексија (од грчките зборови orthos ”коректно” и orexis ”апетит”).

Се повеќе луѓе сакаат да контролираат што јадат, и тоа во основа е позитивно. Но, проблемот настанува кога изборот на храна ќе стане товар од кој не можеме да се ослободиме. Кај орторексичните луѓе желбата да се хранат здраво прераснува во опсесија, и тие почнуваат да развиваат загрижувачки психички симптоми.

Како и во случаите со анорексијата и булимијата, храната ја презема контролата над нивните животи. За разлика од споменатите две наршувања, кај орторексијата не станува збор за калории, туку за нутриционистичкиот квалитет на намирниците. Како и кај класичните нарушувања во исхраната, и во овој случај пациентот повеќе не владее со односот кон намирниците кои ги консумира.

Стравот од помислата дека би можел да изеде нешто што е лошо за неговото здравје почнува да создава кај него стрес и анксиозност.

Орторексијата започнува со невин обид да се јаде поквалитетно, но доведува до опсесија во подготвувањето на храната и планирањето на менито дури и до неколку дена однапред.

Храната која ја консумираат овие личности им станува примарна работа во нивниот живот и ако изедат нешто вон планираното мени, чувствуваат грижа на совест и се самоказнуваат со построги правила во исхраната.

Како таква, орторексијата со себе носи цела низа здравствени проблеми. Некои стануваат до таа мерка опседнати со внесувањето на ,,здрава,, храна, што им се нарушува исхраната. Според достапните податоци, од оваа болест заболува 1% од населението.

Во последно време, правилната исхрана привлекува големо внимание во јавноста, со постојани позитивни пораки за внесување овошје, зеленчук, житарки од цело зрно, риба, но и со негативни пораки за тоа кои се последиците од внесувањето на преработена индустриска храна како и храна богата со шеќери и масти.

 

Дискусија

Коментари