Откриен астероид потенцијално опасен за Земјата

Неговата големина изнесува околу 160 метри и на 26-ти јуни ќе се приближи до Земјата, на опасна оддалеченост од 4,7 милиони километри.

Атероидот е означен како „2015 LK24“ и се смета за потенцијално опасно бидејќи траекториите на астероидите често се менуваат под влијание на планетите во чија близина поминуваат. Така, овој астероид се наоѓа во Сончевиот систем околу 5 години и се движи по издолжена орбита –  се приближува кон Сонцето доближувајќи се кон орбитата на Јупитер. Затоа, не е познато колку точно ќе се доближи до Земјата.

Во категоријата на потенцијално опасни астероиди спаѓаат оние со дијаметар поголем од 100- 150 метри и оддалеченост од 7,5 милиони километри. Овој астероид ги исполнува тие критериуми. Фактот што и се приближува на Земјата ќе им овозможи на научниците да го набљудуваат во времето на најблискиот пристап (26-ти јуни) за точно да ја утврдат неговата големина и траекторија.

Ова откритие беше направено на 14-ти јуни преку анализата на податоците од оптичкиот телескоп во Ново Мексико, САД. Телескопот е дел од руската научна мрежа на оптички инструменти за истражување, која вклучува вкупно 35 телескопи од кои повеќето се лоцирани на територијата на Русија и земјите од поранешниот Советски Сојуз, но и во Боливија, Мексико, Монголија и САД.

Поддржете ја нашата работа: