Откриен најголемиот бисер на сите времиња

Еден рибар од Филипини открил бисер што веројатно е најголемиот бисер досега откриен и го криел под својот кревет, повеќе од 10 години.

Како што пишува „The Guardian“, бисерот е широк скоро 30 см, долг 67 см и тежи неверојатни 34 килограми. За споредба, ова значи дека бисерот е малку помал од стандарна перница и тежи колку едно просечно 11-годишно дете.

Според локалниот весник „Palawan News“, рибарот го пронашол бисерот пред повеќе од 10 години додека рибарел во водите околу островот Палаван. Сидрото од неговиот рибарски брод се заглавило во џиновска школка, па тој морал да се спушти под вода и да го ослободи и тогаш го открил овој огромен бисер.

Несвесен за неговата потенцијалната вредност, рибарот го чувал бисерот под својот кревет повеќе од една деценија. Верувајќи дека му носи среќа, тој го допирал бисерот секојпат кога се спремал за риболов.

377C792B00000578-0-image-a-64_1471880636978Неодамна, подготвувајќи се да се пресели во друг дел од провинцијата, рибарот и го дал бисерот на својата тетка, да го чува, која веднаш ја препознала неговата вредност. Со дозвола од внукот, таа му го претставила бисерот на градоначалникот на Пуерто Принсеса и сега бисерот е изложен во атриумот на Градското собрание и се чека експерт кој ќе ја потврди неговата автентичност.

AP_16238230004484-940x580Доколку се потврди дека навистина се работи за природен бисер формиран во џиновска школка, овој бисер значително ќе го надмине сегашниот „најголем бисер во светот“, откриен во 1939 година кој тежи 6,3 килограми.

Неговата вредност би била исто така многу голема. Според „The Guardian“, вредноста на бисерот би изнесувала над 100 милиони долари.

Поддржете ја нашата работа: