Откриен нов материјал подобар од графенот?

Што може да биде подобро од супер флексибилен материјал со дебелина на еден атом кој е 200 пати посилен од челикот? Одговорот е исто таков силен и флексибилен материјал, но поевтин.

Научниците се надеваат дека ова ново откритие би можело да го снабди светот со најдобриот материјал на светот – графенот.

Физичарите од Универзитетот во Кентаки соработуваат со научниците од Германија, како и Институтот за електронска структура и ласери во Грција, за да создадат нов материјал кој ќе се состои од елементи како силициум, бор и азот, што значи дека ќе биде поевтин, постабилен и подобар од графенот – барем во теорија.

И покрај својот потенцијал, графенот има една голема мана – не е полупроводник и како резултат на тоа има многу ограничена примена во дигиталната технологија.

Научниците користеле компјутерски симулации при кои создале 2Д материјал со дебелина на атом од гореспоменатите елементи и потоа го загревале материјалот до 1.000 степени Целзиусови за да видат дали врските ќе се скинат или распаднат. Тоа не се случило. Но, иако сето ова звучи импресивно, овој материјал се’ уште не е направен и во моментов научниците работат на тоа.

Поддржете ја нашата работа: