Откриен стаорец со свински нос

Ова е третиот нов род од 2012 година па досега, кој го открила оваа група на научници, и идентификува глодар со карактеристики кои научната заедница досега никогаш не ги видела.

Се работи за животно кое наликува на стаорец, но има рамен розов нос со ноздри свртени нанапред, како носот кај свињите. Токму поради тоа научниците го нарекле стаорец со свински нос или „Hyorhinomys stuempkei“.

 


Со своите екстремно големи уши, долги задни нозе (кои можеби ги користи за да подрипнува), големи бели секачи и долги урогенитални влакна, овој вид генетски се разликува од сите останати кои им се познати на научниците, па токму затоа и го идентификувале како нов род. Овој стаорец има слаба мускулатура на вилицата, што укажува на исхрана за која не е потребно многу џвакање, односно црви и ларви.

Откритието е опишано во „Journal of Mammalogy“.

Поддржете ја нашата работа: