Откриен вулкан на Церера, висок 4 км, а направен од мраз

Најновите откритија од вселенското летало „Dawn“ ни покажуваат дека Ахуна Монс – најголемата планина на џуџестата планета Церера, висока околу 4000 метри, е всушност криовулкан, или вулкан формиран од мраз, наместо од карпи.

Откако научниците ја испитале областа барајќи знаци за тектонска активност и не откриле ништо, тие заклучиле дека силата која ја издигнала оваа планина може да е криовулканизам. Откако откриле и дополнителни знаци за криовулканска активност наоколу, научниците заклучиле дека Ахуна Монс е масивен вулкан направен од мраз.

Ова откритие овозможува докази дека кората на Церера е ретка мешавина од мраз и карпи, која содржи течна или солена вода во текот на подолг временски период под површината. Оваа композиција е подложна на голема геолошка активност. Бројот на кратери на Ахуна Монс сугерира дека вулканот е стар само неколку стотици милиони години, слично како некои сега веќе неактивни вулкани на Земјата.

3f2dae8b-40c3-4ec0-8436-53ef634aa1d2Криовулканите го содржат она што научниците го нарекуваат стопен мраз, што е всушност вода, но содржи големи количини на соли или амонијак. На џуџестата планета Церера, солените услови на водата и мразот им овозможуваат да пловат како стопен материјал на температури од -40 степени.

Постојат докази за криовулканизам во далечните краеви на нашиот Сончев систем, но неговото проучување е тешко. Откривањето на голем криовулкан на Церера, која се наоѓа во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер, претставува уникатна можност за проучување на овој редок геолошки процес.

1472766021-ahuna-overheadМисијата „Dawn“ која пристигна на Церера во март минатата година, ќе продолжи активно да ја набљудува планетата уште една година. Откако ќе ја заврши мисијата, леталото најверојатно ќе остане во орбитата околу Церера.

Како што Церера се приближува до својот перихел -точката во својата орбита во која се наоѓа најблиску до Сонцето, која треба да ја достигне во април 2018 година, се очекува зголемената температура да предизвика промени во површината на планетата, па можеби дури и криовулканска ерупција на Ахуна Монс. Научнуците велат дека тоа би бил идеалниот крај на оваа мисија.

Истражувањето е објавено во „Science“.

Поддржете ја нашата работа: