Откриена огромна структура во форма на „Х“ во центарот на Млечниот Пат

Масивна структура во форма на „Х“, составена од ѕвезди, е откриена во центарот на Млечниот Пат.

Еден твит од астрономот Дастин Ланг од Универитетот во Торонто ги поттикна научниците да направат истражување на една тро-димензионална испакнатина, сместена во средината на Млечниот Пат.

Според Мелиса Нес, истражувач од Макс Плант институтот за астрономија во Германија,  оваа испакнатина е клучниот знак за формирањето на Млечниот Пат. Ако се одгатне испакнатината, ќе може да се разберат и клучните процеси кои довеле до формирање и обликување на нашата галаксија.

Испакнатината е доказ дека ниеден друг поголем астрономски настан не се случил откако се формирал Млечниот Пат – во спротивно, карактеристичната „Х“ формација не би успеала да се одржи.

„Формацијата во облик на „ Х“ во самата испакнатина, и фрагментите од ѕвезди во испакнатината кои ги содржат орбитите во самата структура, имаат важно влијание во историјата на формирањето на Млечниот Пат- и воопшто на спирлните галаксии“- истакнуваат Нес и Ланг во својот извештај.

Други истражувачи, меѓу кои Лук Дејвис од Интернационалниот центар за радиострономски истражувања, истакнуваат дека иако податоците се предизвикувачки сепак, засега двајцата истражувачи не направиле никакво вистинско проучување на  „Х“-структурата.

Затоа, ова е „само првиот доказ што го имаме“ и затоа се потребни многу подетални опсервации пред да може да се каже дека е непобитен“- додава Дејвис.

Сепак, тој се сложува дека постоењето на вакви Х- структури може навистина да биде показател за тоа како се формирал Млечниот Пат.

Текстот е објавен во „Futurism“.

Поддржете ја нашата работа: