Откриена третатата најголема џуџеста планета во нашиот Сончев систем

Нашиот Сончев систем постојано не изненадува. Неодамна научниците открија скриена месечина на периферијата, како и огромна галаксија која орбитира околу нашата. Сега, тие објавија дека откриле и објект на крајот на нашиот сончев систем, кој е многу поголем отколку што се претпоставуваше.

Она што е заедничко за овие три објекти е тоа што се темни, поради што нивното детектирање било исклучително тешко и токму поради тоа не биле откриени се досега.

Објектот се’ уште не е именуван и е само малку помал од Плутон и Ерида, што всушност укажува на тоа дека се работи за џуџеста планета и тоа трета најголема џуџеста планета во нашиот систем, веднаш после Плутон и Ерида.

w1hoek1smtf72rvhdggk-1024x508Овој нов објект е означен како „2007 OR10“ и орбитира околу Сонцето од ладните темни длабочини на Кајперовиот појас. Всушност не е нов, туку е откриен уште во 2007 година, но со оглед на тоа што ни се познати околу 200 објекти во Кајперовиот појас кои би можеле да бидат џуџести планети, научниците не и обрнале многу внимание и претпоставиле дека изнесува 1.280 км. во дијаметар.

Сега, со помош на два вселенски телескопа, како и податоците од нашиот омилен ловец на планети – Кеплер, научниците подобро ја погледнале планетата и откриле дека нејзиниот дијаметар всушност изнесува неверојатни 1.535 км. што ја прави третата најголема џуџеста планета која е откриена досега. Претпоставуваме дека е време да и дадеме име.

„2007 OR10“ е неверојатно темна, со темно црвена површина која научниците сметаат дека се должи на постојаното менување на слој на метан мраз и која едвај рефлектира светлина. Исто така, се врти многу бавно, со ротациски ден кој трае 45 часа, што всушност претставува еден од најдолгите во нашиот Сончев систем. Покрај тоа, има чудна елиптична орбита што го отежнува нејзиното набљудување. Кеплер успеаа да фрли поглед на неа во 2014 година, како што може да забележите на следното видео:

Откако научниците ги искомбинирале податоците од Кеплер заедно со оние од опсерваторијата Хершел на Европската вселенска агенција добиле појасна слика и успеале да ја пресметаат точната големина на оваа планета. А според проценките за големината, научниците може да почнат да откриваат некои од физичките карактеристики.

Истражувањето е обавено во „The Astronomical Journal“.

Поддржете ја нашата работа: