Откриени две нови месечини околу Јупитер

Новооткриените месечини сеуште немаат име, и за сега ги носат само ознаките S/2016 J1 и S/2017 J1, каде ‘S’ значи сателит, а ‘J’ Јупитер.

Откриени се од странана на тим од астрономи предводени од страна на Скот Шепард од Кернеги институцијата за наука. Големината им е проценета на измеѓу еден и два километри, а орбитрирањето околу Јупитер на оддалеченост од 21 и 24 милиони километри.

Шепард вели дека Месечините за прв пат се забележани во март 2016та и март 2017та година, а положбата ја потврдил телескопот Субару на Мауна Кеа. Откриени се случајно во текот на потрагата по деветтата планета. На некои од фотографиите на кои се прикажува Јупитер се појавуваат и овие две Месечини.

“Во текот на набљудувањето ги забележавме скоро сите познати месечини на Јупитер, како и неколку за кои не сме знаеле или се изгубени”, изјави Шепард, додавајќи дека “веројатно има неоткриени месечини”, но ќе мора да се спроведе дополнителни набњудувања со цел тоа да се провери.

S / 2016 J 1 орбитира околу Јупитер за 1,65 година, а S / N 2017 1 за 2.1 години. Како и повеќето од месечините на Јупитер, и овие се движат во насока спротивна од ретроградната орбита.

Големината им е конзистентна со поголемиот дел од месечините на Јупитер, за разлика од четирите на Галилеј – Ио, Еуропа, Ганимеда и Калисто, кои се значително поголеми.



Поддржете ја нашата работа: