Откриени гигантски кули од мраз на Плутон високи 500 метри

На вселенската сонда „New Horizons“ на НАСА и беше потребна речиси една деценија за да го најде патот низ Сончевиот Систем за историското прелетување над Плутон во 2015-тата година, при што ги откри неверојатните кули од мраз кои достигнуваат 500 метри во небото.

Ова е прв пат ваков феномен да се забележи некаде во Сончевиот Систем, освен на Земјата, а сега, новите анализи на тие гребени го идентификуваат атмосферскиот процес кој го предизвикал нивното формирање.

Карактеристичниот терен кој може да го видите на сликата е дел од регионот на Плутон наречен „Tartarus Dorsa“ над кој сондата „New Horizons“ прелета во јули 2015-тата година.

Гребените на сликата се нарекуваат „penitentes“ (или во превод покајаници) и може да се најдат на големите надморски височини на Земјата, во облик на кули или сечила – на стврднат снег или мраз, сите под агол во општа насока на Сонцето.

Овие формации го добиле своето име по чинот на покајување, бидејќи нивниот изглед потсетува на збир од луѓе клекнати во покајување, и сега, благодарение на истражувањата предводени од инженерот Џон Мурс од Универзитетот Јорк во Канда, го имаме првиот доказ дека се случуваат и на друго место освен на Земјата.

29834798124-penitentes-1

Кога НАСА за првпат ги анализирала сликите добиени од сондата, тие биле збунети од овие форми, што и не е толку изненадувачки бидејќи овие сртови од мраз на Плутон се масивни кули со 500 метри во височина, што ги прави сто пати повисоки од верзиите на Земјата, кои обично се околу 1 метар вертикално (иако некои достигнуваат и до 5 метри).

Кога Мур и неговиот тим извршиле компјутерско моделирање на атмосферските услови, стимулациите ги репродуцирале овие форми, што може да ни помогне да разбереме зошто не сме ги забележале на друго место во Сончевиот Систем.

„Идентификацијата на сртовите на „Tartarus Dorsa“ како „penitentes“ (покајаници) ни укажува дека е потребна атмосфера за нивно формирање, што објаснува зошто претходно не се видени на други безвоздушни ледени сателити или џуџести планети. Но, егзотичните разлики во животната средина довеле до карактеристики на многу различни нивоа“ – вели Мурс.

Во случајот со Плутон, температурата е многу поладна од таа на Земјата и атмосферата е многу поретка, но важат истите физички принципи. Овие форми се формираат од ерозија, каде мразот сублимира во многу студени услови, и се претвора во пареа директно, наместо да се растопува во течност. Структурите на Плуон се составени од метан и азот, наместо од вода, но покрај нивната масовна големина, тоа е истиот процес на сублимација како и на Земјата.

29834798124-penitentes-2

„Оваа огромна големина е предвидена од истата теорија која го објаснува формирањето на овие карактеристики на Земјата. Всушност, ние бевме во можност да ја споредиме големината и сепарацијата, насоката на гребените, како и нивната старост – три докази кои ја подржуваат нашата идентификација на овие гребени како „penitentes“ (покајаници)– додава Мурс.

Научниците претходно шпекулирале дека вакви форми може да постојат на Европа, месечината на Јупитер, но ова е првиот пат овој феномен да е потврден на друго место во Сончевиот Систем.

И сега кога знаеме што се случува на Плутон, научниците сметаат дека нивната техника на моделирање може да им помогне да утврдат на кои други светови може да ги има истите, и на блиските и на далечните.

Наодите се објавени во „Nature“.

Поддржете ја нашата работа: