Откриени коски од огромен предатор стар 70 милиони години

Во Монголија се откриени коски на летечки предатор кој живеел пред 70.000.000 години и на кого омилена храна му биле младенчиња на диносауруси.

Ова животно, со импресивна големина, има распон ан крилата од 11 метри. Фосилот е пронајден во областа на пустината Гоби, позната под името Немегт Формејшн. На тоа место веќе се пронајдени коски од многу диносауруси.

Научниците веруваат дека коските му припаѓаат на птеросаурусот кој спаѓа во групата на огромни летечки влечуги кои живееле заедно со диносаурусите. Тие биле ’рбетници кои можеле да летаат, а се верува и дека се најголемите летечки животни кои некогаш живееле на Земјата.

Нјверојатно оделе на сите четири нозе, а крилјата ги користеле како предни екстремитети со чија помош го фаќале пленот. Поради нивната големина, се верува дека јаделе помали диносауруси или младенчиња на поголемите видови.

Бидејќи коските на карлицата биле широки 20 см, научниците претпоставуваат дека животното било слично на најпознатите видови птеросауруси – Quetzalcoatlus и Hatzegopteryx.

Палеонтолозите кои ги пронашле коските уште во 2006та година, ги испратиле на анализа на Универзитетот во Токио, а потоа се вратиле на наоѓалиштето и пронашле уште остатоци.

Некои научници веруваат дека пронашле сосема нов вид птеросаурус, но за да го докажат тоа ќе спроведат понатамошни истражувања.

Поддржете ја нашата работа: