Откриени мистериозни кругови на земјата во Австралија

Длабоко во австралиската дивина на неколку стотици квадратни километри се протегаат кругови на земјата, опкружени со трева. Ова е прв пат да се забележат вакви кругови на земјата надвор од Намибијската пустина, каде што со децении не може да се објасни нивното формирање.

Ова ново откритие би можело да помогне во објаснувањето на оваа мистерија.

Стефан Гетцин, еколог од Центарот Хелмхолц за истражување на животната средина во Лајпциг, Германија, заедно со својот тим на истражувачи, го посетил местото каде што се наоѓаат овие кругови, што се наоѓа на 15 километри југо-источно од Њуман, Австралија, за да ги измери и да ги анализира условите на земјата.

Неговото истражување открило одредени индиции за потеклото на круговите (погледнете го видеото).

Во Намибија, локалните легенди ги објаснувале круговите како стапки на боговите, изгореници од здивот на подземните змејови, па дури и места каде што слетувале неидентификувани летечки објекти (НЛО).

Најпопуларната научна теорија е дека мравките или термитите ги грицкаат корените на тревата, па така растенија умираат во круг околу гнездото на инсектите.

Неодамна, се појави понова теорија која вели дека круговите настануваат кога растенијата се натпреваруваат за вода и хранливи материи па се „организираат“ за да го максимизираат пристапот до ограничените ресурси. Оваа теорија сугерира дека вакви кругови трба да се откријат и во други суви делови од светот.

Австралиските кругови ја поддржуваат оваа теорија.

Истражувачите откриле неколку гнезда на мравки или термити, во или во близина на круговите, но немало никаква поврзаност меѓу нив. Но, исто така откриле и дека почвата во круговите е тврда и речиси непропустлива за врнежите од дожд. Тоа значи дека кога врне, водата тече кон периферијата на круговите, каде што жедните растенија чекаат. Водата околу рабовите на круговите значи повеќе биомаса и корени од растенијата, што доведува до тоа почвата да станува се полабава, што пак овозможува да навлезе повеќе вода и да се нахрани вегетацијата.

Така, научниците сметаат дека круговите всушност служат како извор на вода за вегетацијата.

Но, механизамот за појавата на круговите е различен во Намибија. Таму круговите всушност впиваат повеќе вода и дејствуваат како подводни резервоари за растенијата кои растат по рабовите на круговите.

fairy-800x747Потребни се дополнителни истражувања за да се потврди оваа теорија, но ова претставува значителен чекор напред во објаснувањето на оваа долгогодишна мистерија.

Истражувањето е објавено во „PNAS“.

Поддржете ја нашата работа: