Откриени најстари јајца од крокодил

Крокодилите се појавиле пред околу 200 милиони години, кога „шетале“ по Земјата заедно со првите диносауруси, а во Португалија се откриени, најстари примероци од фосилизирани  јајца од овој влекач.

Јајцата се стари 152 милиони години и се за 40 милиони години постари од најстарите досега откриени.

Откриени се во гнездо од диносаурус, а научниците сѐ уште не знаат која е причината за оваа необична појава.

Биле положени од блиски роднини на „вистинските“ крокодили – група праисториски крокодили, познати како крокодиломорфи.

Судејќи според голелмината на јајцата, палеонтолозите велат дека  овие суштества биле долги два метри.

Image result for oldest crocodile`s fosil eggs

Јајцата се многу слични со јајцата на денешните крокодили што, што укажува дека нивната форма многу малку се променила во последните 150 милиони години.

Поддржете ја нашата работа: