Откриени остатоци од најголемото суштество кое одело по Земјата

СПОДЕЛИ

Научниците сметаат дека неодамна се откриени фосили кои припаѓаат на диносаурус кој најверојатно бил најголемото сушстество кое некогаш одело по Земјата

Покрај диносаурусот Патаготитан Мајорум, Тирексот изгледал како мачка, со оглед на фактот што ова сушстество било тешко околу 76 тони.

Остатоците се пронајдени во јужниот дел на Аргентина во 2012 година, а утврдено е дека припаѓаат на видот големи диносауруси познати како титаносауруси.

Истражувачите го нарекле диносаурусот по Патагонија каде е пронајден и грчкиот збор “титан” што значи “голем”. Другиот дел од името “мајорум” е во чест на семејството кое ги угостило истражувачите за време на ископувањето.

Досега се пронајдени шест фосили од овој вид кој на Земјата одел пред 100 милиони години.

“Мислам дека воопшто не биле страшни. Најверојатно биле бавни. За толку големи животни станувањето, одењето и секој обид за трчање се големи предизивици” – вели Диего Пол, предводник на истражувањето

Научниците веќе некое време знаат за титаносаурусите, но ова е нов вид или можеби нов род во таа група.

Дискусија

Коментари