Отровот на австралиската кафеава змија станува посмртоносен со текот на годините

Дури и покрај што Австралија како континент изобилува со отровни животни, кафеавата змија се издвојува од многу причини. Не само источните кафеави змии кои се сметаат за втори по опасност на светот се единствени, бидејќи ако споредиме колку е агресивна австралиската, ќе сфатиме дека не постои разлика.

Кафеавата змија во Австралија живее во близина на главните населени центри, а половина од инцидентните смртни случаеви се токму од каснување од змија.

Иако противотрови против кафеави змии постојат веќе со децении, научниците не знаат многу за тоа колку молекули се вклучени. Д-р. Брајан Фрај и неговите колеги од Универзитетот во Квинсленд нудат две големи откритија кои демнат во отровот на источната кафеава змија и седум од осум членови на родот Pseudonaja.

Едно откритие објаснува зошто кафеавите змии се толку опасни. “Претходно беше познато дека кафеавите змии се како тајпан во конвертирање на протеинот наречен протромбин во тромбин, кој го формира згрутчувањето на крвта. Сепак, брзината на дејството зависи од моќта на змиите во активирање на фактор VII, кој е друг ензим одговорен за згрутчување на крвта,” објаснува Фреј.

Интеракцијата помеѓу фактор VII и тромбин го создава она што Фрај го нарекува “отровен вител” кој доведува до исклучително брза акција, намалување на шансите дека пленот ќе избега, или дека човек ќе стигне во болница на време.

Од друга страна пак,познавањето на молекулите кои предизвикуваат згрутчување на крвта може да го подобри третманот на хемофилија, додека разбирањето на она што предизвикува згрутчување на крвта може да биде корисно при превенција на мозочен удар.

Од помала корист, но од поголем интерес е откритието дека бебето од кафеава змија има сосема различен отров од возрасните. Малечката змија прво учи да се влече, додека кога ќе стане возрасна предизвикува мозочни удари кај луѓе, глодари и торбари.

Фреј смета дека отровот се менува во исто време кога на младите змии им се менува бојата, но не може да биде сигурен. Тој нагласува дека и покрај тоа што отровот од бебето кафеава змија главно е одговорно за убивање на други влекачи, сеуште постои можност да во неговиот отров се наоѓаат моќни невротоксини кои убиваат цицачи.

Поддржете ја нашата работа: