Отворена дупка на Антарктикот која е четири пати поголема од Македонија

На територијата на Антарктикот се создаде дупка со големина на американската држава Мејн, односно четири пати поголема од Македонија, а научниците не се сигурни зошто.

Физичарот Кент Мур, професор и експерт за физичка атмосфера од Универзитетот од Торонто, смета дека оваа површина е неверојатна бидејќи изгледа како „пробиена дупка во мраз”.

Вакви дупки обично се формираат на крајбрежните региони на Антарктикот, а процесите кои водат до ова не се познати.

Во текот на седумдесеттите години од минатиот век во близина на ова место се појавила слична дупка. Меѓутоа, поради недостаток на технички средства, научниците не можеле да ја проучат како што треба.

Иако би било логично за создавањето на ваквите дупки да се обвинат климатските промени, Мур смета дека е премногу рано да се прават такви заклучоци. Она што научниците можат да го кажат со сигурност е дека дупките имаат големо влијание врз океаните.

Кога се топи мразот, се создава голем контраст во температурата помеѓу океанот и атмосферата. Постудената вода оди на дното на океанот, додека потоплата се задржува на површината. – објаснува Мур.

На Антарктикот се случуваат големи промени, па затоа е важно да се открие зошто се создаваат ваквите дупки, за да ја откриеме причината за многуте тековни процеси.

Поддржете ја нашата работа: