Ова е Kuri, роботот кој ќе ги снима вашите најубави семејни моменти

Ова е Kuri Vision, роботот кој е целосно автономен, се движи низ вашиот дом и ги снима вашите најубави семејни моменти.

Компанијата Mayfield Robotics, која е негов старател, го опремила со неколку микрофони, ги собира сите моменти во неговата меморија, и доколку сакате, најубавите ги испраќа на вашиот смартфон.

Оваа направа ја видовме на почетокот на оваа година, но се чини дека сега е редизајнирана. Има нови тркала, се движи и по тепих, а може да скокне и до 2 см. препрека.

Роботот ќе биде достапен до крајот на годинава, и ќе чини 799 долари.

Поддржете ја нашата работа: