Ова е најскапата керамичка чинија

СПОДЕЛИ

Иако звучи неверојатно, малата керамичка чинија која беше претставена на аукција во Хонг Конг, е продадена за рекордни 37,7 милиони долари. Изработена е пред околу 1000 години во работилницата Ru Guanyaoa за време на династијата Сонг.

Чинијата има дијаметар од само 13 см. и се користела за чистење четки. Има интензивна зелено-сина боја и мермерна шема. Најверојатно е направена во периодот помеѓу 1086та и 1106та година.

Почетната цена била 13,24 милиони долари, но жестоката конкуренција ја зголемувала цената дури 20 минути, за на крајот да биде продадена за 37,7 милиони на човекот кој сакал да остане анонимен.

Аукциската куќа не сака да го открие неговиот идентитет и затоа не е познато дали купувачот е од Кина или од некоја друга држава. Николас Чоу, вработен во Сотби, местото каде се одржувал настанот вели: “Ова е историски важен настан”. Цената која ја достигна оваа наизглед обична чинија е рекордна за таков вид кинеска керамика.

До сега рекордот го држеше чашата Meiyintang Chenghua која е продадена за 35,7 милиони долари во 2014та година. Чашата служела за пиење вино и е направена уште за време на династијата Минг. Откако купувачот на чашата, Кинезот Лиу Јицјан испи чај од неа, предизвика големо медиумско внимание.

Причината поради што чинијата е толку скапа е едноставна. Во работилницата Ру постојат само 87 такви парчиња, а се продадени само 6 од 1940та година. Кинеските династии инаку се познати по производството на керамички предмети, а за време на династијата Сонг се направени некои од најубавите предмети

Помеѓу колекционерите се доста побарувани поради својата едноставност. Во 2012та година исто така е продадена една чинија за чистење четки. Почетната цена изнесувала 4,8 милиони, а продадена е за 16,8 милиони долари.

Од гледна точка на познавачите, овој мал сад ја рефлектира лукавството на уметникот и ја претставува метафората на кинеската филозофија која ја ценат многумина експерти и историчари.

Дискусија

Коментари