Oзонот во воздухот може да ја намали плодноста кај жените

Новото истражување врз стаорци од страна на „Federation of American Societies for Experimental Biology“ укажува дека дишењето на високи нивоа на озон, исто така, може да влијае врз способноста на жените да зачнат.

Во некои области, нивото на озонот се зголемува во текот на летото бидејќи комбинацијата на сончевата светлина и топлина со соединенијата од индустриските гасови, издувните гасови на автомобилите и бензинот, допринесува за загадување на воздухот. Агенцијата за заштита на животната средина на САД користи индекс за секојдневните нивоа на загадувачите на воздухот, вклучувајќи  го и озонот.

Во деновите на високо загадување ранливи категории се децата, старите лица и лицата со астма. Доколку новите наоди ги опфатат и луѓето, неминовно е на оваа листа да се додадат и жените на репродуктивна возраст.

„Важно е да бидеме свесни што има во воздухот кој го дишеме и  да се разбере влијанието на нашето здравје. Ние не знаеме многу за штетните ефекти на озонот, но познато е дека го зголемува воспалението на белите дробови. Можно е воспалението да влијае на повеќе од еден систем во човековото тело”- истакнува истражувачкиот тим.

Тимот ги анализирал половите разлики во однос на ефектот на озон и воспалението на белите дробови кај глувците и забележале дека кратката изложеност на озон влијае на нивото на прогестеронот кај женките, репродуктивен хормон вклучен во овулацијата и бременоста. Со цел да направат дополнителна анализа, тие дизајнирале  експеримент во кој женските глувци биле изложени на 2 единици од милион (ppm) на озон, 3 часа во денот на овулација. Други студии покажале дека ова ниво на изложеност кај глувците е приближно слично со она што го дишеме во високо загадените градови.

Истражувачите откриле дека дишењето озон на денот на овулацијата не само што го намалува нивото на прогестерон кај женските глувци, туку и го намалува бројот на овулираните јајце клетки. Покрај тоа, акутното изложување на озон влијае на мозочната и овулациска сигнализација клучна за процесот на овулацијата.

Нивото на прогестерон во крвта на женските глувци на денот на овулацијата се намалило -од нормалната вредност од 8 нанограми во просек – на 2 нанограми, кај женките кои дишеле озон. Во однос на бројот на овулираните јајца следното утро, било забележано статистички значајно намалување од 30% кај жените изложени на озон. Исто така, биле намалени и клучните ензими за синтеза на прогестерон.

Врз основа на своите наоди, истражувачите стравуваат  дека жените во големите градови би можеле да се соочат со репродуктивни проблеми поради вдишување на високи концентрации на на озон. Сепак, тие предупредуваат дека нивните откритија се прелиминарни и дека во истражувањето се вклучени само глувци, а не луѓе.

Анализи за процена на репродуктивните компликации во географски области со високо и ниско ниво на озон, како и слични клинички истражувањa се неопходни за расветлување на овој проблем.

Поддржете ја нашата работа: