Пајаковидни роботи направени од пластични цевчиња кои можат да спасат живот

СПОДЕЛИ

Со цел да се создадат повеќе подвижни и спремни роботи, истражувачкиот тим од Харвард одлучил да искористи обични цевчиња за пиење и посебни зглобови кои емитираат инсекти и пајаци. Запознајте ги Arthrobots, бидејќи еден ден можат да ви помогнат во спасување на животи по евентуална катастрофа.

Научниците Џорџ Вајт и Алекс Немироски веќе подолго време размислуваат за креирање на пајак-роботи. Бројни инсекти и пајаци се изразито темпераментни, можат брзо да се движат по површините, да се качуваат по нив и да извршуваат маневри кои неможе да ги направи обичен робот.

Имитирањето на природата во многу случаеви се покажа како полн погодок, а не е исклучок ни ова истражување.За изградба на ваков робот не служи електрониката, батериите ниту природата, туку обични цевчиња за пиење течности.

“Сето ова започна откако Џорџ сфати дека цевчињата од полипропилен имаат феноменален сооднос на својата тежина и моќ. Со тоа се отвори вратата за создавање на нешто кое е многу повеќе структурна поддршка во однос на класичните роботи “, вели Немироски.

Цевчињата се покажаа како полн погодок. Вајт и Немироски направиле многу прототипи од цевчиња, а самите зглобови овозможиле свивање. Потоа низ цевчињата провлекле гумени потесни цевчиња низ кои може да се пропушти воздух. Повеќе цевчиња на различни сегменти значи и поголема контрола, па затоа настанале пајак-роботи.

Целиот концепт звучи погрешно и залажувачки, но истражувачкото дуо тргнало од една цевка со зглоб кој овозможил ползење. Потоа следел прототип со две, прототип со четири, а потоа со осум нозе – наречен артробот.

Се разбира, за контрола и испуштањето на воздух се грижи компјутер. Осумте нозе на робо-пајакот се покажале како максимален број кој може да се контролира со помош на технологија за овој проект. Една нога повеќе значи и драстични компликации во изведбата, а најверојатно и нови материјали.

Во списанието Soft Robotics, дуото опишува дека создале предмет кој со текот на времето ќе се развие во софистицирано издание и еден ден ќе користи за спасување на човечки животи по евентуална катастрофа.

Дискусија

Коментари