Пајаци испрскани со графен или јаглерод плетат супер свила

Графенот – слоеви на јаглерод со дебелина од само еден атом, е еден од најсилните вештачки материјали, а пајаковата свила е еден од најсилните природни. Никола Пугно од Универзитетот во Тренто, Италија, решил да види што ќе се случи ако ги спои заедно.

Тој и неговите колеги зеле пет пајаци од семејството „Pholcidae“ и ги испрскале со мешавина од вода и честички на графен широки 200 до 300 нанометри. Тие, исто така испрскале уште 10 пајаци со јаглеродни наноцевки и вода со цел споредување на ефектите.

Некои од пајаците произвеле свила послаба од очекуваниот квалитет, но другите, добиле голем поттик. Најдобри влакна се добиени од пајаците дозирани со наноцевки: околу 3,5 пати појаки од најдобрата немодифицирана природна свила, произведена од страна на гигантскиот пајак наречен „Darwin’s bark spider“.

Од пајаци до свилени буби

Единствениот природен материјал кој е посилен од свилата на овој пајак е материјалот од забите на мекотелите-лимпети, откриени претходно оваа година. Забите на мекотелите се растегнуваат повеќе од пајаковата свила, но се многу полесни, што значи дека се повеќе кршливи.

Тимот не е сигурен како графенот и јаглеродните наноцевки се претвораат во свила. Една можност е дека јаглеродoт обложува надвор од рефлексивните насоки, но Пугно смета дека тоа не доволно за да се објасни зголемувањето на силата. Наместо тоа, тој верува дека пајаците ги селектираат материјалите и ги инкорпорираат во нивната природна средина и во свилата додека се врти. Ова сепак има цена – четири од пајаците починале непосредно по прскањето.

Во оваа рана фаза, не е јасно како ќе се користи таков материјал, но една од можностите е џиновска мрежа способна за фаќање на авион во случај на пад, сугерира Пугно. Тимот исто така планира да испита други начини за производство на бионички материјали, како што се дозирање на свилени буби со вештачки супстанции. „Овој концепт може да стане начин за добивање на материјали со врвни карактеристики”, вели тој.

Поддржете ја нашата работа: