Пајаците – дизајнери на нова оптоелектроника


Вообичаените структури во природата како што се пајаковата мрежa или „жилите“ во листовите, ако се копираат, може да доведат до речиси оптимални перформанси за создавање на флексибилни и издржливи мрежи кои може да се користат во оптоелектрониката, како што се на пр. фотоволтаичните уреди и дисплеј екраните.

„Идејата е многу едноставна и достижна. Поаѓа од премисата дека природните форми нудат веќе готови решенија за дизајан, кои се тестирани со природната селекција во текот на милиони години “, велат истражувачите.

Дизајнот за мрежа инспириран од структурата од „жилите“ на листот, меѓу другите примени, служи и како ефикасна електрода за соларните ќелии, изворите на светлина и транспарентните греалки.

Втората мрежа, направена според истиот дизајн што ги прави пајаковите мрежи ефикасни замки за инсектите и бубачките, служи како ефикасен начин за да се привлече светлина преку оптоелектронски уред. Поради огромната флексибилност, значителната механичка сила, „стелт“ провидноста и високиот степен на постојаност, истражувачите велат дека мрежата може да најде примена во следната генерација на екрани на допир и дисплеј панели.

Главната предност на овие две методи е тоа што се евтини и едноставни за производство.

Истражувачите биле изненадени од извонредните перформансите на мрежите добиени во текот на експерименталниот процес. Тие постигнале четирикратно зголемување во електро-оптичките можности. Уште повеќе, дизајнот на пајакова мрежа, може да се растегне и до 25 проценти, без воопшто да изгуби од перформансите, а се забележува само минимален пад ако се растегне до 100 проценти од оригиналната големина.
Ниедна друга електродна мрежа не може да се растегне повеќе од 10 проценти.

Истражувачите велат дека овие специфични мрежни модели што тие ги предлагаат, можат да ја зголемат ефикасноста на соларните ќелии и перформансите на флексибилните издржливи екрани на допир и дисплеи.

„Зголемувањето на ефикасноста на соларните ќелии е особено важна во потрагата по обновливи извори на енергија. Флексибилните монитори и дисплеи, најверојатно ќе станат многу значајни поради можноста да се искористат кај преносните екрани и еластичните паметни телефони“, нагласуваат истражувачите.

Поддржете ја нашата работа: