Паркинг за „Boing“ и „SpaceX“ на Меѓународната вселенска станица

Од 2017 година,  „Boing“ и „SpaceX“ ќе станат првите приватни компании кои ќе испратат астронаути на НАСА во вселената. Кога ќе се случи тоа, на Меѓународната вселенска станица ќе и биде потребен нов простор за паркирање. Затоа, во петок (19 август 2016), астронаутите Џеф Вилијамс и Кејт Рубинс ќе излезат надвор од станицата за да го завршат инсталирањето на нов докинг адаптер.

Инсталирањето на овие адаптери е неопходен чекор во програмата на НАСА за развој на комерцијални вселенски летала за екипаж. Од 2011 година, НАСА и плаќа милиони на Русија за да ги однесе своите астронаути на станицата. Оваа програма ќе и овозможи на НАСА поевтини опции.

Прошетката низ вселената би требало да започне во петок во 8 часот и 5 минути наутро, а преносот во живо ќе започне во 6.30 часот. Во следното видео може да погледнете што се ќе вклучува таа прошетка.

Поддржете ја нашата работа: