Пиењето премногу вода е опасно!

Пиењето вода е од суштинско значење за човечкото тело да може да функционира, но пиењето премногу вода е подеднакво опасно како и пиењето премалку вода.

Група од 17 експерти од целиот свет соработуваа и објавија упатства за најбезбедниот начин за пиење вода, заедно со предупредувања за последиците, во „Clinical Journal of Sport Medicine“.

Целта е да се едуцира јавноста за опасностите од пиењето на премногу вода, особено за време на вежбање или спортување. Спортистите се изложени на најголеми ризик.

Според експерите, 14 смртни случаи на маратонци, фудбалери и други спротисти се припишани на пиењето премногу вода или спортски пијалоци за време на физичка активност. Состојбата е позната како хипонатремија поврзана со вежбањето, при што бубрезите се преоптоварени со големото количество на течност кое треба да го процесираат. Природното ниво на натриум во телото не може да остане во чекор со количината на водата, што води до отекување на клетките и во потешките случаи до смрт.

Експертите препорачуваат едноставно да го следите вашето тело и да пиете вода кога сте жедни – ни повеќе, ни помалку!

Најчестите симптоми на хипонатремијата поврзана со вежбањето се вртоглавица, гадење, подуеност и зголемување на телесната тежина за време на физичка активност. Во тешки случаи може да се јави дијареа, главоболка, конфузија, делириум, повраќање, па дури и кома, што може да биде опасно по животот.

Водата е од клучно значење за животот, па затоа треба да остане во здрави количини за да го балансира телото. Човечкото тело секојдневно губи вода преку дишењето, потењето, уринирањето и исфрлањето на изметот. За да се надополни количеството на вода, без да се преоптоварат клетките, Институтот за медицина на клиниката Мајо го препорачува идеалното количество на вода – околу 3 литри за мажите и 2 литри за жените.

Спортистите и сите оние кои се вклучуваат во физички активности при кои се потат, може да пијат и по некоја чаша плус. Бидејќи со потењето се губи натриумот од телото, спортиските пијалоци кои содржат натриум ќе помогнат да се надополни натриумот и да се балансира зголеменото конзумирање на вода, истовремено намалувајќи ги шансите за развој на хипонатремија.

Поддржете ја нашата работа: