Пижами за мониторинг на бебето

Флексибилна технологија која ќе им помогне на родителите квалитетно да се одморат е одличен почеток.
Еден таков одличен изум се бебешките пижами кои го следат дишењето на бебето, движењата на телото, навиките и квалитетот на спиењето и ги пренесува информациите на вашиот мобилен телефон.

МИМО комплетот се состои од три пара пижами, секој со сензори вградени во структурата. Исто така има пластична желка која е всушност уредот со кој преку „bluetooth“ се пренесуваат информациите до мобилната апликација.

„Родителите можат д  ги прилагодат пижамите според возраста на детето и навиките за спиење“, вели Дулче Маден, една од креаторите на технологијата.

MИMO

Креаторите признаваат дека постојат илјадници уреди за мониторинг на бебињата. Разликата кај МИМО е тоа што ви даваат конкретни информации за спиењето на вашето дете.

Со текот на времето, базата на податоци може да ви помогне да го подобрите квалитетот на сонот, да процените кога е вистинското време да го нахраните детето или дали го оставате бебето будно премногу доцна.

Апликацијата  е прилично интуитивна. Целта е да се направи што поедноставна и поефикасна.

Пижамите се изработени од органски памук и чинат 199$. 

Што е следно?

Видео компонента, која ќе овозможи да го набљудувате вашето бебе, и во крајна линија, мноштвото на смарт-технолошки производи може да создаде конектирани градинки.

Еден пример кој се разгледува е „паметно“ шише кое знае кога бебето се буди и го загрева млекото.

 

Поддржете ја нашата работа: