Пластични патишта, револуционерно решение на проблемот со пластичниот отпад

Во светот постојат околу 40 милиони километри патишта, за чија изградба до сега се потрошени стотици милиони буриња нафта, односно битумен кој се прави од неа.

Поаѓајќи од идејата како во исто време да се поправат оштетените патишта и да се намали огромната количина на пластичен отпад, шкотскиот инжинер Тоби Макартни дошол до потенцијално спасоносно решение за двата проблеми. Тој направил асфалтна маса во која додал отпадна пластика и со тоа успеал да создаде појака, потенка и поотпорна асфална маса.

На оваа идеја Макартни дошол кога во Индија видел дека локалното население ги полни дупките на патиштата со отпадна пластика, која потоа ја пали за да се истопи и да ја пополни дупката.

Тоа го инспирирало да развие индустриска метода за производство на асфалт со помош на отпадна пластика. Суштината на оваа метода е во додавање на  мешавина од пластични гранули во асфалтната маса. Гранулите заменуваат одреден процент од битуменот кој ги поврзува останатите состојки.

Својот изум прво го испитал асфалирајќи го патот до својата куќа, а две општини во Англија веќе почнале да градат патишта користејќи ја неговата метода.

Поддржете ја нашата работа: